• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јувентус ќе го задржи Игор Тудор и следната сезона

Јувентус ќе го задржи Игор Тудор и следната сезона

Торино, 14 април 2025 (МИА) - Јувентус има намера и следната сезона да го задржи тренерот Игор Тудор, пишуваат италијанските медиуми.

Хрватот го замени отпуштениот Тиаго Мота со краткорочен договор до крајот на сезоната со опција да остане на позицијата доколку се претстави добро. Според извештаите од различни публикации, договорот на Тудор има клаузула за автоматско продолжување што ќе се активира доколку тимот се квалификува за Лигата на шампионите.

Сепак, постои и опција Јуве да го раскине овој договор, што значи дека топката се уште останува на теренот на клубот кога е во прашање назначувањето на следниот постојан главен тренер.

Тудор импресионираше во неговите први три натпревари на чело, со седум поени од максимални девет освоени досега по победите над Каљари и Лече и ремито 1-1 против Рома. дс

Фото: Архива

Остани поврзан