• недела, 01 септември 2024

Јувентус ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија

Јувентус ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија

Рим, 16 мај 2024 (МИА) - Јувентус синоќа на „Олимпико“ во Рим ја совлада Аталанта со 1:0 и го освои Купот на Италија.

Стрелец на единствениот гол беше Душан Влаховиќ во 4. минута по асистенцијата на Андреа Камбиасо.

Јувентус го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат.

За Аталанта, финалето беше шесто во историјата на клубот. Тимот од Бергамо остана на единствениот трофеј освоен во 1963 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан