• среда, 25 декември 2024

Јувентус ја напушти Суперлигата

Јувентус ја напушти Суперлигата

Торино, 14 јули 2023 (МИА) – Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус објави синоќа преку својот официјален сајт дека се повлекува од проектот за формирање Суперлига, зад кој сега остануваат само шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Одлуката на Јувентус доаѓа само неколку денови откако клубот од Торино се спогоди со УЕФА околу казната поради финансиски малверзации поврзани со плати на играчите и доби зелено светло едногодишната суспензија да ја издржи во сезоната 2023/24 во која требаше да настапува во Конферециската лига.

Обидот да се формира европска фудбалска Суперлига, замислена како паралелно натпреварување на Лигата на шампиони од 12 клубови од Англија, Шпанија и Италија, пропадна само неколку денови по иницирањето во април 2021 година под жесток притисок од фудбалските навивачи и УЕФА.

Зад проектот официјално сè уште стојат мадридски Реал и Барселона, додека проектот експресно го напуштија Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид. ег/паг/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан