• недела, 01 септември 2024

Јувентус се согласи да го продаде Ругани на Лестер

Јувентус се согласи да го продаде Ругани на Лестер
Торино, 1 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е близу до преселба во Лестер ова лето. Клубот од Торино е подготвен да го пушти 26-годишниот Италијанец да замине во англискиот клуб, под услов „лисиците“ да бидат подготвени да платат 25 милиони евра за играчот, јавува „Corriere dello Sport“. За потсетување, за Ругани е заинтересиран и Вулверхемптон. Во тековната сезона, дефанзивецот има девет натпревари во Серија А. зс/

Остани поврзан