• среда, 25 декември 2024

Јувентус се премисли за продолжување на договорот со Ди Марија

Јувентус се премисли за продолжување на договорот со Ди Марија

Торино, 22 мај 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Јувентус, Анхел ди Марија наскоро може да го напушти клубот од Торино и да стане слободен агент, објави „Sky Italia“.

 

Клубот сака да го подмлади составот, па 35-годишниот ќе мора да го смени тимот. Самиот Ди Марија би сакал да остане во Јувентус.

 

Претходно беше објавено дека „Старата дама“ има намера да ја продолжи соработката со Аргентинецот.

 

Фудбалерот му се приклучи на Јувентус во летото 2022 година. За тимот има осум гола и седум асистенции на 37 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан