Јувентус се откажа од Санчо
- Јувентус се откажа од планот да го ангажира крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Торино, 30 август 2024 (МИА) - Јувентус се откажа од планот да го ангажира крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Според информациите, управата ја донела оваа одлука затоа што смета дека таквиот трансфер ќе ја ограничи можноста за развој на 20-годишниот Самуел Мбангула на кој планираат да се потпираат повеќе во иднина.
Другата главна причина, секако, е цената на Англичанецот, која според „бјанконерите“ е превисока.
За Санчо преговара и Челси, а една опција беше „сините“ да се договорат со Манчестер Јунајтед за размена меѓу него и Рахим Стерлинг.
На крајот, Санчо може и да остане на „Олд Трафорд“. дс
Фото: Архива