Јувентус и Спалети постигнаа согласност за нов договор
- Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус постигна согласност со својот тренер Лучијано Спалети за потпишување нов договор, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.
Торино, 8 април 2026 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус постигна согласност со својот тренер Лучијано Спалети за потпишување нов договор, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.
Истиот извор наведе дека одлуката официјално ќе биде објавена во текот на оваа седмица, а Спалети ќе остане на клупата на Јувентус до лето 2028 година.
Според новиот договор, Спалети годишно ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра, плус бонуси.
Шеесетиседумгодишниот Спалети пред шест месеци го презеде Јувентус, кој во моментов е петтопласиран на табелата во Серија А и води битка да обезбеди пласман во Лигата на шампиони. ег
ФОТО: ЕПА