• среда, 25 декември 2024

Јувентус и Ди Марија не можат да се договорат за висината на платата на играчот

Јувентус и Ди Марија не можат да се договорат за висината на платата на играчот
Торино, 12 јуни 2022 (МИА) - Јувентус е во преговори со играчот од средниот ред Анхел Ди Марија. Сепак, страните сé уште не можат да се договорат за висината на платата на играчот, информира „Tuttosport“. Торинскиот клуб на 34-годишниот Аргентинец му нуди едногодишен договор со плата од седум милиони евра. Фудбалерот сака да добие 7,5 милиони, како и уште 1,5 милиони во вид на можни бонуси. Анхел ди Марија минатата сезона одигра 26 првенствени натпревари за ПСЖ, постигнувајќи пет гола и седум асистенции. Ова лето тој го напушта клубот како слободен играч. зс/

Остани поврзан