• вторник, 03 декември 2024

Јувентус дека не може да си дозволи да го земе на позајмица Марсијал

Јувентус дека не може да си дозволи да го земе на позајмица Марсијал
Торино, 19 јануари 2022 (МИА) - Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене изјави дека клубот не може да си дозволи да го ангажира напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал. - Со оглед на сегашните услови - цената на позајмицата и обврската целосно да се исплати платата на Марсијал - не можеме да си дозволиме таков договор. Немаме напредок во преговорите, а не очекуваме Манчестер јунајтед да ни даде никаков попуст, изјави Аривабене. Во сезоната 2021/22, Марсијал учествуваше на 10 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна еден гол. Вчера, 18 јануари, беше објавено дека Јувентус разговарал со претставници на 26-годишниот Французин за евентуален ангажман. зс/

Остани поврзан