• недела, 06 октомври 2024

Јувентус го објави трансферот на Локатели

Јувентус го објави трансферот на Локатели
Торино, 18 август 2021 (МИА) - Јувентус на својата официјална веб-страница го објави трансферот на Мануел Локатели. Претходно, играчот од средниот ред играше за Сасуоло. Се посочува дека 23-годишниот фудбалер е донесен на позајмица до 30 јуни 2023 година. По постигнување на одредени спортски показатели, клубот ќе има обврска да го откупи договорот за 25 милиони евра. Исто така, Сасуоло може да добие до 12,5 милиони евра бонуси, во зависност од постигнувањата на фудбалерот. Локатели минатата сезона настапи на 34 натпревари во Серија А за Сасуоло и постигна четири гола и три асистенции. Со италијанската репрезентација ова лето го освои Евро 2020. „Трансфермаркт“ го проценува на 35 милиони евра. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан