• среда, 25 декември 2024

Јувентус го донесе најдобриот голман во Серија А

Јувентус го донесе најдобриот голман во Серија А

 

Торино, 6 јули 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го ангажираше најдобриот голман во Серија А за минатата сезона, 26-годишниот Микеле Ди Грегорио од прволигашот Монца.

Ди Грегорио следната сезона ќе ја помине во Јувентус на позајмица вредна 4,5 милиони евра, додека конечната вредност на обесштетувањето може да се искачи на 18 милиони евра.

Ди Грегорио беше еден од клучните играчи кој ѝ помогна на Монца мирно да ја заврши минатата сезоната на средина на табелата, зачувувајќи ја мрежата на 12 натпревари.

„Микеле пристигнува во Јувентус како добитник на наградата за најдобар голман во Серија А минатата сезона. Тој е сестран голман, покрај одличните реакции при одбрана на ударите, знае да игра и со нозете, што го прави примерен модерен голман“, објави Јувентус. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан