Јубилејно издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“
- Во битолското село Буково се одржа петото издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“ на која со свои производи се претставија производители на буковска пипер, паста делиција, мед и други домашни специјалитети.
Битола, 1 октомври 2023 (МИА) - Во битолското село Буково се одржа петото издание на манифестацијата „Вкусот на Буково“ на која со свои производи се претставија производители на буковска пипер, паста делиција, мед и други домашни специјалитети.
На саемот за традиционалната храна и производи, се одржа и едукативна работилница за деца, менторирана од Јасна Ѓоргиевска, а над 200 посетители беа послужени со пиперки со нане и лук, пиперки со праз и ориз, леб од фурна.
Манифестацијата „Вкусот на Буково“ се одржа со финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. мт/ев/