• недела, 17 ноември 2024

Јубилејна 50. изведба на „Кец на десетка“ во Македонскиот народен театар

Јубилејна 50. изведба на „Кец на десетка“ во Македонскиот народен театар
Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - Претставата „Кец на десетка“, јубилејно, по 50-ти пат ќе биде изведена вечер (20.00) на сцената во Македонскиот народен театар.
„Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, ја воведува публиката во хумористичното дејство кое се одвива во едно сосема нормално семејство, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.
Улогите ги толкуваат Александар Микиќ - таткото Доксе, мајката Грациела - Тања Кочовска, ќерката Ана - Нина Деан/Софиа Насевска -Трифуновска и Тоше - Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов.
Претставата во изминатите години имаше повеќе гостувања и учества на домашни фестивали, а премиерно беше одиграна пред четири години на 17 ноември 2017 година. ар/лв/

Остани поврзан