• недела, 06 октомври 2024

Јубилеен планинарски марш ,,Голак 2024" во Делчево

Јубилеен планинарски марш ,,Голак 2024

Делчево, 8 септември 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се одржува 10. традиционален планинарски марш до врвот Мала Чавка на планината Голак. Маршот се одржа по повод 10 години постоење на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ Делчево кој е организатор на настанот.

На маршот учествуваат учесници од Делчево, Струмица Валандово, Гевгелија, Штип, Пробиштип, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Скопје, Кочани и други градови.

- Јубилејниот 10-ти планинарски марш се реализира од Делчево до врв Мала Чавка, а учесниците планинари се поделени во две групи, информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски. 

По завршувањето на маршот за учесниците ќе бидат доделени благодарници и признанија 

 - Исто така предвиден е заеднички ручек кај шумската вила на Голак каде ќе бидат доделени благодарници за сите кои се дел од настанот, додаде Чучуковски. 

Јубилејниот планинарски марш „Голак 2024“ се одржува под покровителство на општествено одговорните компании Брегал ДОО и Градски базен Делчево. вс/ар/
Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан