• петок, 27 декември 2024

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје со акција за донирање за СОС Детско село

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје со акција за донирање за СОС Детско село
Скопје, 3 април 2020 (МИА) - Корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје овие денови заедно со мартовската сметка за вода ќе добијат и писмо со кое се повикуваат по пат на доброволно донирање да ги поддржат децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години, информираат од претпријатието. За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација - Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика. ир/са/

Остани поврзан