• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЈП „Чистота и Зеленило“ почна со акции за садење садници, дел од мерките за намалување на аерозагадувањето

ЈП „Чистота и Зеленило“ почна со акции за садење садници, дел од мерките за намалување на аерозагадувањето

Куманово, 25 февруари 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, лани насадиле скоро четири илјади садници, годинава е предвидено засадување на висококвалитетни садници, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Покрај садници насадени биле и украсни грмушки.

- Лани, имавме рекорден број садници 3.849 висококвалитетни садници, кои значително придонесуваат за зачувување на животната средина. Станува збор за 16 вида садници, листопадни садници. Вакво засадување досега немало на подрачјето на Куманово. Добар дел од нив се прифатени. Важни се во однос на намалувањето на аерозагадувањето, изјави, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски.

Уништувањето на садниците е честа појава во Куманово, додаваат надлежните и апелираа на проактивно дејствување на надлежните служби.

Општина Куманово лани спроведе јавна набавка за набавка на садници во износ од милион денари. За наредниот период надлежните најавија дека обезбедени висококвалитетни листопадни садници кои ќе се садат во зони и ќе се формираат зелени зони.

- Годинава имаме насадено 881 садник, сите наше производство. Станува збор за 4.730 садници за период од помалку од 14 месеци ако се земе и проектот којшто го имаме со ЕУ за садниците кои ги садевме кај градскиот парк, на градскиот кеј, во Соколана значи имаме насадено околу 6.500 садници. Апелираме до граѓаните, да не ги уништуваат садниците, да ги чуваат, ние ќе се погрижиме за нивно наводнување, изјави Стојановски.

Пошумувањето е клучна мерка за намалување на аерозагадувањето, горлив проблем за кумановци особено за време на грејната сезона која трае октомври до март. Куманово за мерки против аерозагадувањето одвојува најмногу средства во државата. Како долгорочни се сметаат гасификацијата и пошумувањето.  Резултатите од мониторингот извршен преку проект покажаа дека согорувањето на биомаса има најголемо учество во аерозагадувањето, во помала мера сообраќајот, следуваат, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли. ам/цр

Фото: МИА

Остани поврзан