• недела, 24 ноември 2024

ЈП „Улици и патишта“: Санирано оштетувањето на мостот во Драчево

ЈП „Улици и патишта“: Санирано оштетувањето на мостот во Драчево
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - ЈП „Улици и патишта“ соопштува дека е санирано оштетувањето на мостот во Драчево. - Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево, посочуваат од јавното претпријатие. Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“, градежните работи и асфалтирањето биле извршени во најкус можен рок и мостот денеска од 13часот е биде пуштен во употреба.фф/лв/

Остани поврзан