• четврток, 26 декември 2024

ЈП „Улици и патишта“ од денеска почнува градежната сезона и активно одржување на сообраќајниците во градот

ЈП „Улици и патишта“ од денеска почнува градежната сезона и активно одржување на сообраќајниците во градот
Скопје, 15 мрт 2022 (МИА) - ЈП „Улици и патишта“ - Скопје информираат дека од денеска почнуват со активностите кои се предвидени според Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајниците во надлежност на Град Скопје. Во оваа програма, како што посочуваат, освен сообраќајниците, е предвидено и одржувањето на пешачките и велосипедски патеки, како и јавните рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје. - Преземањето на планираните активности се однесува на редовното, периодично и интервентно одржување на магистралните, собирни улици и реконструкција на истите кои се во надлежност во Град Скопје и се со цел за безбедно одвивање на сообраќајот. Исто така со Програмата се опфатени и остранувањето на оштетувањата кои настануваат од непредвидени настани за обезбедување на непречен и безбеден сообраќај на магистралните и собирни улици. Редовното следење на состојбата на коловозите и исто така и изведба на коловозите, велопатеките, тротоарите паркинзите и рекреативните површини. Одржувањето на заштитните огради и заштитни столбчиња, како и одржување на фугите на мостовите, посочуваат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје. Од јавното претпријатие потенцираат дека динамиката на одржување на реконструкцијата на сообраќајниците се утврдуваат секој месец во текот на целата година со оперативен план на приоритетните активности од Секторот за планирање и уредување на просоторт и налози на работни активности доставени од Град Скопје.фф/дма/

Остани поврзан