• четврток, 26 декември 2024

ЈП ПОЦ ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието

ЈП ПОЦ ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието
Скопје, 18 април 2022 (МИА) – Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од денеска повторно ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието, која согласно донесените одлуки и препораки од Владата на Република Северна Македонија на 12 март 2020 година, беше затворена како превентивна мерка за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. - Отсега, корисниците на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе можат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти и да поднесуваат рекламации и приговори исклучиво на шалтерите во канцеларијата за прием на странки којашто се наоѓа на I кат во дирекцијата на претпријатието во катната гаража „Судска палата“. Канцеларијата за прием на странки ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, соопштија од ЈП ПОЦ. Исто така, како што посочуваат, корисниците и понатаму ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да најавуваат гостински регистрации преку новата Green Pay картичка, да извршат електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, преку веб платформата www.poc.mk или ПОЦ мобилната апликација која може да се преземе на App Store и Play Store. фф/дма/

Остани поврзан