• среда, 25 декември 2024

ЈП ПОЦ предупредува за поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК)

ЈП ПОЦ предупредува за поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК)

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар ги предупредува граѓаните дека денеска било пријавено оти е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на јавното претпријатие.

-На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а тој води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ  и е со цел преку измама да се извлечат парични средства, информираат од ЈП ПОЦ.

Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да ги  известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .

Од страна на јавното претпријатие во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните. сст/са/

фото ЈП ПОЦ

Остани поврзан