• вторник, 24 декември 2024

ЈП „Национални шуми“ и СРШДИ потпишаа декларација за здрави безбедни работни места

ЈП „Национални шуми“ и СРШДИ потпишаа декларација за здрави безбедни работни места
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Во рамки на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа - 28 април, претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика (СРШДИ), Живко Митревски и директорот на ЈП „Национални Шуми“, Јулијана Николовска ја потпишаа декларацијата за здрави и безбедни работни места. Како што соопштија од Синдикатот, двата социјални партнери со овој чин а во кој се опфаќаат сите вработени во шумарството, уште еднаш ја покажаа својата заложба и посветеност кон зачувувањето на здрави и безбедни работни места, како и нивното унапредување во врска со борбата против пандемијата на вирусот Ковид 19. Покрај потпишувањето на декларацијата и одредбите од колективниот договор, двата партнери укажале дека обезбедувањето на здрави работни места и заштита при работа останува врвен приоритет. бт/дма/

Остани поврзан