• недела, 24 ноември 2024

ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе миење на полуподземните контенјери

ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе миење на полуподземните контенјери

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе миење на полуподземните контенјери наменети за одлагање комунален отпад, известуваат од претпријатието.

Како што соопштија, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена вршела дежурства и надзор на улицата Петар Манџуков во близина на пазарот во скопската општина Бутел, како и на уште неколку локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад надвор од наменски поставените садови во општините Карпош и Чаир.

 - Изготвени се и повеќе едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при одлагање кабаст и градежен отпад на јавни површини во општините Аеродром и Гази Баба, потврдија од претпријатието.

Од почетокот на неделава, како што соопштија, екипите на Претпријатието подигнале вкупно 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани зад Народната банка, на улицата Бајрам Шабани- во близина на ООУ "Тефејуз", како и на повеќе локации во населбата Скопје Север.

ЈП Комунална хигиена - Скопје нагласи дека деновиве реализираа и комплетно миење на сите полуподземни контејнери поставени на шест локации во општината Карпош, вклучително со нивните микролокации. сан/са/

Фото: ЈП Комунална хигиена - Скопје

Остани поврзан