• среда, 25 декември 2024

ЈП Комунална хигиена Скопје отстрани 80 кубни метри непрописно одложен отпад од паркингот на гробиштата „Бутел“

ЈП Комунална хигиена Скопје отстрани 80 кубни метри непрописно одложен отпад од паркингот на гробиштата „Бутел“

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постојка на автобусот „59“, информираат од јавното претпријатие. 

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје. сст/дма/

 

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан