• среда, 25 декември 2024

ЈП Комунална хигиена отстрани голема дива депонија на улицата Цетинска во Општината Бутел

ЈП Комунална хигиена отстрани голема дива депонија на улицата Цетинска во Општината Бутел

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел, информираат од јавното претпријатие.

Екипите на претпријатието подигнаа и транспортирале приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина. Во рамките на активностите биле употребени и специјалните возила - багер, патарки и рол-кипер.

Улицата Цетинска во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина во оваа скопска општина. сст/дма/

фото ЈП Комунална хигиена-Скопје

 

Остани поврзан