• среда, 25 декември 2024

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: До 31 јули плаќање на долговите за смет без пресметана камата

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: До 31 јули плаќање на долговите за смет без пресметана камата

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Граѓаните кои имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад кон ЈП Комунална хигиена-Скопје од денеска до 31 јули годинава ќе можат да го платат без пресметана камата за заостанато плаќање. 

-ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници- физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, дека од денеска - 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје, освен тужбата којашто датира од 2007 година, се вели во денешното соопштение од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Од ова јавно претпријатие појаснуваат дека можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата, тужени и редовни, кај кои услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од општина Шуто Оризари. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на ЈП Комунална хигиена-Скопје, на улицата „Боро Тодоровиќ“ бр.2. сст/са/

 фото МИА архива

Остани поврзан