• недела, 17 ноември 2024

ЈП „Градски паркинг“ почна кампања за пријавување неправилности при користење паркинг услуги

ЈП „Градски паркинг“ почна кампања за пријавување неправилности при користење паркинг услуги
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“  ЈП „Градски паркинг“ денеска ја промовираше кампањата која има главна цел охрабрување на граѓаните и корисниците на паркинг услугите да пријават неправилности во рамки на работењето на претпријатието.
Кампањата се реализира преку делење на информативни флаери и анкети на корисниците на затворените паркинзи и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“.
Флаерите со мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“, се со цел подигање на свеста и охрабрување за пријавување на неправилности со кои се соочуваат граѓаните при користење на паркинзите на ниво на градот. Додека пак, анкетите коишто можат да се најдат на наплатните пунктови, по пополнувањето, сите корисници на паркинг услугите, ќе можат да ги остават во кутија која ќе биде поставена на истото место на сите затворени паркинзи како и катните гаражи.
 - Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување. Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.Секое пријавување ќе биде  детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање, Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски.
Корисниците на паркинг услугите можат да пријават неправилности како што се неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција.во рамки на работењето на претпријатието, телефонски, со повик на 0800 11 300 или писмено на емаил: infogradski@gradskiparking.com.mk
Делењето флаери и анкети од страна на вработените во претпријатието, ќе се одвива денеска, утре и задутре,а анкети за пополнување на наплатните пунктови ќе бидат достапни 10 дена додека трае целата кампања.свс/лв/

Остани поврзан