• вторник, 17 декември 2024

ЈП „Градски паркинг“-Скопје дислоцира некористени службени возила од катната гаража „Беко“

ЈП „Градски паркинг“-Скопје дислоцира некористени службени возила од катната гаража „Беко“
Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) - Покрај заложеноста на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје за одржување на високо ниво на хигиената на паркиралиштата, што е една од главните активности периодов, службите реализираа акција за дислоцирање на некористени службени возила од катната гаража „Беко“ и ослободување на „резервирани“ паркинг места. Како што информираат од Градски паркинг, акцијата се изврши со цел да се ослободат повеќе паркинг места. - Имено, во наведената катна гаража, на кат -1, подолг временски период беа паркирани сужбени возила кои не се користат и непотребно зафаќаа 12 означени паркинг места. Исто така, имаше и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини беа „резервирани“ за непознати корисници, а паркирање на тие места не беше дозволено. Со акцијата се ослободија вкупно 36 паркинг места и се ставија во функција на корисниците. Воедно, службите на претпријатието извршија машинско чистење на кат -1 со што целосно се отрани насобраниот смет, потенцираат од ЈП „Градски паркинг“-Скопје.   Од Градски паркинг информираат дека катната гаража „Беко“ е лоцирана на ул.„Даме Груев“ во строгиот центар на градот и располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката подзено ниво и 6 ката надземно ниво. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост и 3 за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на кат -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. Исто така, на кат -1 поставен е еден електричен полнач со два излеза за електрични автомобили. Полнењето и паркирањето за време на полнењето на електричните автомобили е бесплатно.   - Цената за час паркирање во катната гаража изнесува 30 денари, а услугата паркирање на месечно ниво за вработени, физички и правни лица изнесува 2000 ден. Доколку заинтересираните корисници од категориите физичко и правно лице склучат договор на годишно ниво и извршат еднократна уплата за цела година, цената изнесува 20000 ден, посочуваат од Градски паркинг. Апелираат до граѓаните за повеќе грижа за хигиената на паркиралиштата и да не ги паркираат своите возила на обележаните паркинг места за лицата со попреченост и за родителите со мали деца.   - Исто така, апелираме граѓаните да ги користат и паркоматите за плаќање, како и кога плаќаат паркинг да ги оставаат автомобите на нивното паркинг место, а не пред излезните рампи. Со тоа, ќе се спречи метежот пред излезот и ќе се овозможи слободен проток на возилата, велат од Градски паркинг.фф/дма/

Остани поврзан