• среда, 25 декември 2024

ЈП „Водовод“ Куманово потроши над 5, 5 милиони денари за справување со последиците предизвикани од мајското невреме и прочистување на водата 

ЈП „Водовод“ Куманово потроши над 5, 5 милиони денари за справување со последиците предизвикани од мајското невреме и прочистување на водата 

Куманово, 19 септември 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово го подготви финансискиот извештај за вонредните трошоци на претпријатието кое беа предизвикани од обилните дождови кои го зафатија северисточниот регион во мај годинава, информираа денеска надлежните од претпријатието. За три месеци, мај, јуни, јули во филтер станицата за вонредната состојба трошоците изнесуваат 5.580.000 денари. Трошоците за оваа намена се однесуваат на потрошена електрична енергија за прочистување, за хемиски анализи, вонредна набавка на хемикалии, споредно со 2023, 2022 и 2021 се неколкукратно повисоки.

- Ако граѓаните ја почувствува кризата седум дена, јавното претпријатие повеќе од 80 дена се справуваше со лошиот квалитетна сурова вода. Извештајот ќе биде доставен до АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, она што постапуваме по заклучок изгласан од Советот на општината. Дописот ќе биде доставен и до Општина Куманово и до Владата, изјави директорот на претпријатието, Оливер Стојамновски.

Во овие трошоци од над 5, 5 милиони денари не се вметнати и трошоците за ангажирање на човечки ресурси, ноќна смена, зголемен број на работници, не се влезени сервиси на пумпи кои често се случуваат. Во тој период кумановци се соочија со забрана за консумација, бидејќи до филтер станицата стигнуваше матна вода по обилните врнежи во липковско каде се наоѓаат браните Липково и Глажња. Градот остана без вода, седум дена. По предупредувањето, водата беше сопрена и матната вода се испушташе во канализациската мрежа, а извесен период водата се користеше како техничка сè додека Агенцијата за храна и ветеринарство, по неколкукратните испитувања на Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје соопшти дека водата е безбедна за пиење. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан