• вторник, 24 декември 2024

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули 2024

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули 2024

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе трае до крајот на месецов.

- Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20 јуни заклучно до 31 јули. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Оттаму посочуваат дека одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

- По истекот на овој период одлуката престанува да важи, истакнуваат од јавното претпријатие. ир/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан