• сабота, 23 ноември 2024

„ЈП Водовод и канализација - Скопје“ започна со испитување на состојбата со канализациската мрежа во градот

„ЈП Водовод и канализација - Скопје“ започна со испитување на состојбата со канализациската мрежа во градот
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - „ЈП Водовод и канализација - Скопје“ започна со теренски активности за испитување на влез на вода и инфилтрација во канализациската мрежа на градот, во рамки на проектот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води –Скопје. Како што информираат од „ЈП Водовод и канализација - Скопје“, проектот се реализира со потпишувањето на грантот од милион евра, обезбедени од фондот на ЕБОР – канцеларијата во Шведска во рамки на Програмата за животна средина. - Врз основа на предвидениот работен план испитувањата за студијата ќе се изведуваат со одреден континуитет во период од една година, од страна на консултантите логистички поддржани од професионалци, вработени во сектор Канализација. Според одредбите во договорите за заем за проектот за изградба на ПСОВ – Скопје потпишани со ЕБОР, ЈП Водовод и канализација – Скопје има задача да ги имплементира приоритетните наоди од резултатите на студијата, стои во соопштението од претпријатието. Дополнуваат дека со потпишување на овој договор за грант од ЕБОР, се овозможиле услови за изведување на соодветни анализи и студии од големо значење за реализација и изведба на проектот за изградба на ПСОВ – Скопје. - Изведбата на студијата и практичната примена на наодите од истата, директно ќе доведе до подобрување на процесот на одведување на отпадните води во град Скопје, заштита на животната средина и исполнување на еден од условите за функционалноста на ПСОВ – Скопје, велат оттаму. ар/лв/

Остани поврзан