• понеделник, 29 јули 2024

ЈП Водовод и канализација: Акција за отплата на заостанат долг без пресметка на камата од 15 март до 23 април 2021

ЈП Водовод и канализација: Акција за отплата на заостанат долг без пресметка на камата од 15 март до 23 април 2021
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата и со цел исполнување на потребите на своите корисници, ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе одлука за спроведување  акција за исплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што стои во соопштението, за наплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 15 март до 23 април 2021 година. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. -Граѓаните, во периодот од 15 март до 23 април, можат да се обратат во Секторот за наплата за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, се наведува во соопштението. Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива непречено со почитување на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита, додаваат оттаму. Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот. нд/скс/

Остани поврзан