• сабота, 23 ноември 2024

ЈПДП организира посета на трасата на автопатот во изградба Кичево - Охрид, присутни ќе бидат и Бочварски и Рустеми

ЈПДП организира посета на трасата на автопатот во изградба Кичево - Охрид, присутни ќе бидат и Бочварски и Рустеми

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево - Охрид. Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба.

Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, трасата ќе ја посетат и сите инволвирани страни вклучени во изградбата на автопатот, професори од Градежен факултет, проектанти, изведувачи и подизведувачи и надзор. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан