• недела, 24 ноември 2024

ЈП „Улици и патишта“ се вклучи во работната акција во општина Бутел

ЈП „Улици и патишта“ се вклучи во работната акција во општина Бутел

Скопје, 30 април 2022 (МИА)Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје во текот на пролетната работна акција во општина Бутел ги санираа оштетувањата на коловозите и на тротоарите, ја обновија вертикалната и хоризонтална сигнализација и ги санираа сите недостатоци кои беа утврдени со контролата на светлосната сигнализација на крстосниците во општина Бутел.

Како што информира ЈП „Улици и патишта“, на булеварот „Словенија“, улицата „Александар Урдаревски“, улицата „Бутелска“ и улицата „Радишанска“ се санирани оштетувања во асфалтот во површина од 80 метри квадратни и на овие сообраќајници е извршена санација на тротоарите, односно бекатон плочи во вкупна површина од 40 метри квадратни.

Извршено е обележување на хоризонтална сигнализација на улицата „Бутелска“, обележани се пешачките премини и училишта во делот кај општината и кај општинската зграда. Нови знаци се поставени на улицата „Бутелска“ и санирани се на булеварот „Словенија“ и улицата „Александар Урдаревски“.

-Во оваа општина санација на светлосната сигнализација имаше на само три крстосници и тоа на крстосницата на булевар „Босна и Херцеговина“ со булевар „Словенија“, крстосницата на улицата „Александар Урдаревски“ со улицата „Натаниел Кучевишки“, каде е извршена замена на оштетените сенила на возачките и пешачки латерни и исправени се висечките латерни на семафорите на улицата „Христијан Тодоровски - Карпош“ со улицата „Боца Иванова“, се наведува во соопштението. 

На крстосницата на булеварот „Босна и Херцеговина“ со улицата „Лазо Трповски“ се поставени нови одбројувачи на семафорите и пуштени во функција.

Со завршувањето на работните активности во општина Бутел, екипите продолжуваат со извршување на работната акција во општина Шуто Оризари.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје кои се одговорни за одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници денеска ја обележаа хоризонталната сигнализација на улицата „Лондонска“ во општина Карпош.
-Улицата е обележана по барање на граѓаните и по налог на Град Скопје. Со обележувањето на сообраќајната сигнализација се овозможува нормалното одвивање на сообраќајот и се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот, стои во соопштението од „Улици и патишта“ - Скопје.  мд/мч/

Остани поврзан