• петок, 27 декември 2024

Јохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ

Јохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ

Скопје, 26 октовмри 2023 (МИА) - На маса е нова верзија на Шенген регулативата за која се очекува преговорите да бидат завршени за време на актуелното шпанско претседателство со ЕУ. Би било добро да нема плаќање надоместок за земјите надвор од ЕУ, ијзави вечерва во Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа потврди дека од неодамна има се повеќе земји од Шенген зоната кои имаат заострени гранични проверки, но дека тие се применуваат многу селективно за да нема застои на граничните премини.

-Некои се од пред 10 дена и се поврзани со глобалните состојби и случувања. Она што досега го видовме кога соработуваме со земјите членки кои воведуваат внатрешни гранични проверки, гледаме дека ги користат ваквите приверки многу селективно со цел да не се создават проблеми и редици на граничните премини. Ова е праксата со новововедените гранични проверки, рече еврокомесарката Јохансон на новинарско прашање на прес-конференцијата во Скопје по завршувањето на првиот ден од Министерскиот форум посветен на внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023 што се одржува под покровителство на шпанското претседателство.

Што се однесува до воведувањето на ЕТИАС - Европскиот систем за патни информации и одобрувања и дали македонските граѓани ќе треба да плаќаат пари за влезат во некоја од земјите на ЕУ, Јохансон рече дека се подготвува нова регулатива и дека би било добро да нема плаќање надомест.

-На маса има нова регулатива, нова верзија на Шенген регулативата, а тоа е земјите да можат да воведат нови мерки за заштита на внатрешните граници без вакви проверки. Шпанското претседателство ќе го приоретизира завршувањето на преговорите на оваа тема. Така што би било добро да има нова регулатива, а да нема плаќање на надоместок, рече Јохансон. 

Европскиот систем за информации за патувањата и за одоберување на патувањата (ЕТИАС) се очекуваше да профункционира кон крајот на годинава, но неговата примена беше одложена. Тој се однесува за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза за патување во Шенген зоната, а ги опфаќа и земјите од Западен Балкан вклучително и Северна Македонија. Тие треба да аплицираат за одобрување на патувањето користејќи ја веб-страницата на ЕТИАС или мобилната апликација пред нивното патување и ќе треба да платат надомест од седум евра. вг/са/

Остани поврзан