• петок, 27 декември 2024

Јохансон: ЕУ ќе одржи меѓународна конференција за преселување на авганистанските бегалци

Јохансон: ЕУ ќе одржи меѓународна конференција за преселување на авганистанските бегалци
Брисел, 31 август 2021 (МИА) - Европската унија во септември ќе одржи меѓународна конференција за решавање на прашањето за преселување на авганистанските бегалци во различни земји, напиша еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на Твитер. „Во септември ќе свикам меѓународен форум за преселување на високо ниво за да разговараме за конкретните приоритети со земјите од ЕУ и да најдеме трајни решенија за најранливите луѓе во Авганистан, особено жените и децата, активистите за човекови права, новинарите и адвокатите. Ќе работиме заедно на координиран пристап за создавање легални начини за преселување (на бегалците)“, напиша таа по завршувањето на вонредниот состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи. паг/  

Остани поврзан