• среда, 25 декември 2024

Јоханис: Ќе ја продолжиме вонредната состојба за уште еден месец

Јоханис: Ќе ја продолжиме вонредната состојба за уште еден месец
Букурешт, 6 април 2020 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека ќе издаде друг указ за продолжување на вонредната состојба за уште еден месец, јави Агерпрес. - Ќе биде потребно продолжување на вонредната состојба. Јас побарав од Владата да достави предлози, ќе го подготвиме текстот на указот во текот на оваа недела, ќе издадам нов указ на почетокот на следната недела со кој ќе се продолжи вонредната состојба за уште еден месец, за да ја држиме епидемијата под контрола, рече Јоханис. Романија на 16 март прогласи вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19. паг/  

Остани поврзан