• вторник, 24 декември 2024

Јотова: Руската амбасадорка во Бугарија требаше да отиде во МНР, а не да испрати заменик

Јотова: Руската амбасадорка во Бугарија требаше да отиде во МНР, а не да испрати заменик
Софија, 2 март 2022 (МИА) - Бугарската потпретседателка Илијана Јотова упати критики до руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, не е во ред рускиот амбасадор да не даде објаснување до бугарското Министерство за надворешни работи. Според неа, Митрофанова требало лично да отиде, а не да го испрати својот заменик. Таа го даде овој коментар во Казанлак, каде што започнаа церемониите по повод државниот празник на Бугарија - 3 март и крајот на руско-турската војна пред 144 години. Јотова истакна дека треба јавно да се каже „стоп“ на војната во Украина, за која смета дека е цинична и се води на неколку стотици километри од Бугарија. Таа нагласи дека војната е одамна планирана, а за неа нема никакво оправдување, нема аргументи. - Не постои кауза што оправдува уништување и смрт на невини луѓе, на деца, на нова хуманитарна криза што се наѕира. Тоа ќе биде за целиот свет, изјави Јотова, додавајќи дека „одговорот на јавноста треба да биде силен, а не само со декларации“. нк/гт/

Остани поврзан