• недела, 24 ноември 2024

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација
Софија, 4 јуни 2022 (МИА) - Палењето на Центарот за култура „Иван Михаjлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, на неговото отворање пред еден месец, на кое учествуваше бројна бугарска делегација, беше констатирано дека единствената функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во Северна Македонија.
-Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности, додаде потпретседателката на Бугарија во својата објава на Фејсбук. нк/дма/

Остани поврзан