• четврток, 26 декември 2024

Јотова: Нема основа за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија

Јотова: Нема основа за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија
Софија, 5 октомври 2021 (МИА) - Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова смета дека во моментов нема причина за промена на бугарската позиција кон Република Северна Македонија, и покрај сериозниот притисок врз кој Бугарија ќе биде подложена од нејзините европски партнери на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ, во Словенија. Според Јотова, како што јави допизникот на МИА од Софија, Бугарија уште еднаш ќе ја повтори својата теза дека за неа најважно е да се почитуваат правата на граѓаните во Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Јотова посочува дека резултатите од пописот што се одржува во Република Северна Македонија, ќе бидат многу важни за Бугарија. -Доаѓаат многу загрижувачки сигнали. Уривањето на спомен плочите повторно започна. Ми се чини дека и работата на заедничката група меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не може да се пофали со какви било резултати, ветувањата за отстранување на одредени текстови од учебници ги нема никаде, рече бугарската потпретседателка Јотова. Медиумите во Бугарија опширно известуваат за утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Бардо кај Крањ, информирајќи за серијата средби што претседателот на Бугарија Румен Радев ќе ги има со канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон. нк/вг/

Остани поврзан