• петок, 27 декември 2024

ЈОРСМ: ГРЕКО задоволни од исполнетоста на препораките кои се однесуваат на Јавното обвинителство

ЈОРСМ: ГРЕКО задоволни од исполнетоста на препораките кои се однесуваат на Јавното обвинителство

12 март 2024 

Министерството за правда денеска го објави Вториот аденум на Вториот извештај за усогласеност на Република Северна Македонија од Четвртиот круг на евалуација на тема – Спречување на корупција кај пратениците, судии и обвинителите усвоен од Групата на држави против корупција (ГРЕКО).

Во најновиот извештај на ГРЕКО за нашата земја е констатира дека земјава задоволително ги исполнила најголем дел од препораките кои се однесуваат на спречување корупција кај јавните обвинители. Така ГРЕКО го поздравува усвојувањето на измените во Етичкиот кодекс на јавните обвинители со кои експлицитно беше наведен концептот „гостопримство“ како вид на нематеријална корист која им е забранета на јавните обвинители. Измените во оваа насока, по предлог на Здружението на јавните обвинители, беа усвоени од Советот на јавните обвинители беа усвоени во ноември 2023 година, со што оваа препорака е имплементирана во задоволителна мера.

Освен ова, во септември 2023 година, согласно препораките на ГРЕКО, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе нов Правилник за примање, располагање и евиденција за примени подароци на јавните обвинители при протоколарни настани, кој е целосно усогласен со сличните подзаконски акти во европските институции. И за оваа препорака ГРЕКО констатира дека е имплементирана задоволително.

Во однос на работата на Јавното обвинителство, како делумно имплементирана останува само препораката која се однесува на ревизија на дисциплинскиот режим кој се применува за обвинителите и тоа во насока јасно да се дефинираат повредите и да се прошири опсегот на дисциплински санкции. Оваа препорака опфаќа законски измени чие предлагање е во надлежност на Министерството за правда, посебно во делот на Законот за јавното обвинителство, а во таа насока обвинителството веќе доставува свои конкретни предлози.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан