• четврток, 26 декември 2024

Јордан Плевнеш, Виктор Радун и Ана Багрјана добитници на наградата „Гоцева мисла“

Јордан Плевнеш, Виктор Радун и Ана Багрјана добитници на наградата „Гоцева мисла“
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Македонскиот писател Јордан Плевнеш и книжевниците Виктор Радун од Србија и Ана Багрјана од Украина се годинешни добитници на меѓународната награда „Гоцева мисла“, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”. Годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се Златко Крамариќ од Хрватска, Олга Панкина од Русија-Македонија, Даниела Костадиновиќ од Србија, Тања Попова од Бугарија, Звонко Танески од Македонија-Словачка, Волф Ошлис од Германија, Горан Калоѓера од Хрватска, Сабахудин Хаџиалиќ од Босна и Херцеговина, Лилјана Јанаќковиќ од Србија, Ресул Шабани од Македонија, Суат Енѓулу од Турција, Елка Наголова од Бугарија, Ристо Василевски од Македонија-Србија, Кирил Темков од Македонија, Жан-Патрик Конрад од Англија-Франција, Зафир Хаџиманов од Македонија-Србија, Вања Ангелова иод Бугарија, Миле Топуз од Македонија, Васил Тоциновски од Македонија, Бајрузин Хајро Плањац од Босна и Херцеговина и Олга Лалиќ – Кровицка од Полска.бт/дма/

Остани поврзан