• сабота, 27 јули 2024

Јордан, заедно со САД, Франција и Египет од воздух ја испуштија досега најголемата помош за Гаса

Јордан, заедно со САД, Франција и Египет од воздух ја испуштија досега најголемата помош за Гаса

Аман, 5 март 2024 (МИА) - Јордан денеска соопшти дека во соработка со САД, Франција и Египет го извршиле најголемото авионско испорачување храна и хуманитарна помош во Појасот Газа. 

Во операцијата учествувале три авиона на јорданските вооружени сили, три американски авиона, еден египетски и еден француски авион.

Помошта е фрлена на северот од Газа, а јорданските вооружени сили соопштија дека пакетите со помош на Светската програма за храна (WFP) биле прикачени на падобрани.

Јордан уште од ноември по воздушен пат испорачува храна и залихи во Газа, а од неодамна и други земји почнаа да се приклучуваат на овие операции.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан