• среда, 25 декември 2024

Јордан го повлече амбасадорот од Израел во знак на протест поради војната во Газа

Јордан го повлече амбасадорот од Израел во знак на протест поради војната во Газа

Аман, 1 ноември 2023 (МИА) - Јордан одлучи моментално да го отповика својот амбасадор во Израел во знак на протест и осуда на израелската војна во Газа, која „предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Аман, јави ДПА.

Шефот на јорданската дипломатија, Ајман ал-Сафади, исто така, му наложи на министерството да го информира својот израелски колега „да не го враќа назад својот амбасадор, кој претходно го напуштил Кралството“, додава германската агенција.

Ал Сафади изјави дека амбасадорите можат да се вратат кога „Израел ќе ја прекине војната во Газа, хуманитарната катастрофа што ја предизвикува и ќе ги прекине сите мерки што ги лишуваат Палестинците од нивното право на храна, вода, лекови и нивното право на безбедно и стабилен живот“.

Јордан потпиша мировен договор со Израел во 1994 година, со што стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел, потсетува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан