• сабота, 27 јули 2024

Јорданов: По 10 часот ја очекуваме поддршката од воздух за пожарите во штипскиот дел на Серта

Јорданов: По 10 часот ја очекуваме поддршката од воздух за пожарите во штипскиот дел на Серта

Штип, 17 јули 2024 (МИА) - По 10 часот се очекува да пристигнат „ер тракторите“ во штипскиот дел на планината Серта, информира денеска за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочува дека од синоќа се прават и базени покрај реката Брегалница, кај штипското село Софилири. Ова било договорено во текот на вчерашниот ден и побарано од Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите, припадниците на Армијата и полицијата се на терен и интервенираат од земја. Активни се пожари на две локации, над селата Драгоево и Селце и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш, каде месното население има забрана за движење во оваа зона бидејќи има неиспукана муниција. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан