• недела, 24 ноември 2024

Јорданов понуди плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка

Јорданов понуди плац за куќа, бесплатна градинка за семејството на штипската четворка

Штип, 25 октомври 2023 (МИА) - Еднократна парична помош од 40.000 денари, од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ќе биде префрлено на сметка на Благица и Александар Зикови, кои станаа родители на штипска четворка. Јорданов вели дека разговарал со Александар, таткото на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина и за она што како општина може да им се помогне.

-Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник очекува одговор во текот на наредниот период што е прифатливо за семејството Зикови, кои се родители на четири деца, а се родија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан