• сабота, 23 ноември 2024

Јорданов: Мерките на Владата не вродија со плод

Јорданов: Мерките на Владата не вродија со плод
Скопје, 4 февруари 2021 Вечерва пратеникот Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма говореше за економската состојба во Македонија и за неефикасноста на мерките кои што владата ги спроведуваше. „Секогаш кога станувало збор како да се помогне на компаниите и на стопанството, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што во Комисиите давала свои предлози, дали преку амандмани, дали преку вакви јавни дебати каде што сме давале свои предлози за полесно надминување на последиците од здравствената криза односно рефлектирањето на финансиската криза. Е, сега тоа што е клучно е дека тоа што го видовме во изминатиов период, четирите пакет мерки кои што беа директно насочени кон компаниите беа прогресирани на некаде ако не се лажам околу една милијарда евра директна помош која што неефектуираше во тој износ. Напротив, сведоци сме дека компаниите искористија некаде околу 300 милиони евра. Што само по себе говори дека забелешките што опозицијата ги имала во текот на изминатиов период биле на место“, нагласи Јорданов. Јорданов додаде дека власта популистички најавуваше дека ќе го подржува стопанството, ќе ја поддржува економијата, а на крај од сето тоа ветено скоро ништо не се исполни. „Добро поучени од претходниот период она што е општ впечаток, а и податоците од Заводот за вработување кажуваат дека мерките кои што биле имплементирани не вродиле со плод. И тоа е очигледно затоа што дури 55.000 наши сограѓани како последица на пандемијата и на здравствената и економска криза останале без работа“, нагласи Јорданов. Јорданов посочи дека очигледно е дека финансиската и здравствената криза имало директно влијание врз стопанството и затоа вкупно во Македонија за оваа година бројот на невработени лица е 55.000. „Во Македонија има нови 55.000 невработени луѓе кои што очекуваат од државата поддршка односно отворање нови работни места. Имавме цели дејности во стопанството кои што беа затворени. И нормално е дека ќе бидат видливи овие невработени лица односно овие луѓе кои што останале без работа. Сега суштината е тоа што пакетите кои што поминаа, четири пакети во висина од некаде околу една милијарда евра задолженост на државата не се искористија во насока на подобрување на бизнис климата, односно на директна поддршка на стопанствот“о, рече Јорданов. Јорданов посочи дека 300 милиони евра се искористени од една милијарда предвидени и говори за тоа дека не вродила со плод мерката која што Владата во оваа година ја употребила за ублажување на финансиската и на здравствената криза. „Дополнително на тоа што сите овие средства се потрошија наменски, краткорочно за помагање можеби само на јавната потрошувачка. Затоа што вие кога ќе позајмите пари и кога нема да редуцирате тие средства директно во финансиска поддршка на компаниите, и преку тоа што државата би инвестирала наменски во индустрија која што ќе биде двигател во економијата, вие на долг рок се соочувате со проблемот со кој што ние допрва ќе се соочиме. Намален е фискалниот простор, оваа година 2021 затоа што државата практично потроши милијарда евра, а ефектите од трошењето на овие средства компаниите и граѓаните не ги гледаат“, кажа Јорданов. Јорданов рече дека тој како претставник на народот кој секојдневно комуницира со граѓаните и компаниите, и од она кое што може да посведочи е дека парите се потрошени, но состојбата со стопанството е се уште лоша. Предвидените 50 милиони евра за петтиот пакет нема да вродат со плод, бидејќи власта нема ниту стратегија за решавање на здравствената криза.  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан