• вторник, 24 декември 2024

Јорданов: За три години реализиравме над 400 проекти за Штип

Јорданов: За три години реализиравме над 400 проекти за Штип

Скопје, 30 ноември 2024 

Почитувани,

Како одговорна и транспарентна локална власт во изминатите 3 години, со чесен пристап реализиравме повеќе од  400 проекти кои придонесоа граѓаните на Општина Штип да имаат подобри услови за живот.

Денес Штип е општина со променет лик, која секојдневно се менува според потребите на граѓаните, бидејќи нашата визија и работа ја фокусираме на потребите на граѓаните.

Со многу љубов, труд и работа во Штип се реализирани голем број на  проекти за сегашните и идните генерации.

Во делот на инфраструктурата

-Асфалтирани и реконструирани се голем број на улици во секоја населба во вкупна должина нешто повеќе од 10 километри.
-Изградени се конзоли на река Отиња со што се проширија главните улици во централното градско подрачје долж коритото на реката Отиња.

-Извршено е проширување нa постоечки мост на река Отиња и изградба на нов мост со што се овозможува побрза фреквенција на возилата во централното градско подрачје.

- Започнавме со изградба на булеварот ,,Партизанска” и воедно се зафативме со промена на главната водоводна линија која што минува по трасата на овој булевар.

- Започнуваме со Изградба на нов мега парк во вкупна површина  од 70 000 м2 веднаш до  булеварот ,,Партизанска“.

- Уредена е крстосницата во населба Сењак како црна точка во минатите години со нова сообраќајна сигнализација.

- Континуирано вршиме партерно уредување околу станбените единици во секоја населба во нашиот град.

-Градиме нови тротоарски површини  и реконструкција на постоечките со цел пешаците да се движат безбедно.

-Изграден е нов полузатворен пазар на повришина од 1200м2 со обезбедени нови паркинг места.

- Започнавме со изградба на спортски центар Џексон, спортска сала со капацитет од 1000 посетители.

- Изграден е нов турбо кружен тек кај “Порта пролет” со кој ќе се подобри безбедноста на сообраќајот и пристапот до клиничката болница.

- Улицата “Ванчо Прке” e пренаменета во пешачка  зона збогатена со многу урбана опрема и декоративни садници.

-  Изградивме 2 нови катни гаражи во централното градско подрачје со што драстично  го зголемивме бројот на паркинг позиции, а во моментот е започнато со градба и нова катна гаража која што е трета по ред во централното градско подрачје веднаш до  зграда Промаја.       

-Ќе се започне со изградба на обиколницата Пребег, Железничка Плуждино со која ќе се избегне сообраќајниот метеж и ќе се овозможи урбанизација на овој дел од градот со оглед на тоа што веќе тендерската постапка е во тек.

-Извршено е партерно уредување со поставување на урбана опрема и обезбедување на  нови паркинг места на следните локации:

-Населба Aвтокоманда, Леваци, Сењак, Ул.Борис Кидрич,

-Населба 8 Ноември, ул.Пиринска, Партизанска, Христијан Карпош.

-Продолжуваме интензивно со изградба на линија 2 со што ќе се подобри водоснабдувањето на голем број на населби којшто во летните месеци имаат проблем со притисокот на чиста вода за пиење.

-Започнуваме со изградба на резервари за водоснабдување, Пребег–Мерит и Каваклија со што ќе се подобри водоснабдувањето во високите зони од градот во летните месеци.

-Континуирано се врши промена на примарната и секундарната водоводна и канализациона мрежа и за таа цел се вложени 200  милони денари во изминатите 3 години.

-Воведен е јавен градски превоз на територијата на Општина Штип, после, 40 години со комплетно нови 7 автобуси.

Мултифункционални паркови и спортски центри

-Изградени мултифункционални спортски игралишта во населбите: Баби ,Сењак,8ми Ноември, Балканска, Леваци, Пребег, Караорман, Чардаклија, Три Чешми, Ново Село, Железничка, Дузлак.

-Нова памп патека во паркот во населба Баби

-Изграден нов парк за миленици веднаш на велосипедско-пешачката патека кај р. Брегалница

-Изградена е нова балон спорска сала во населба Три Чешми, а целосно е реконструирана спортката сала во населба Караорман.

Во делот на образованието:       

-Обезбедени се униформи за учениците во основните училишта од 1 до 5 одделение.

-Приспособивме простории во населба Три Чешми со што ќе се овозможи во иднина да се згрижуваат дечиња од предучилишна возраст.

-Училиштата и градинките во општина Штип се енергетски ефикасни со поставени фотоволтаици.

-Пуштивме во употреба реновирани простории во подрачното улилиште Ванчо Прќе во Ново Село за продолжен престој на учениците.

-Континуирано се реконструираат образовните институции и се создаваат подобри услови за настава.

-Во основните училишта, конкретно во Основното училиште Димитар Влахов реконструирани се спортските терени и изградено е детско игралиште.

-Ново спортско игралиште е исто така изградено во СОУ Јане Сандански.

-Отворени сензорни соби, реквизити и стимулативни алатки во многу основни училишта.

Во делот на културата, активно се залагаме и за развој на културата и зголемување на културно уметничките настани во нашиот град.
Успешно продолжуваме со организирање на Макфест,  Штипско Културно лето, Shtip Fashion Days, концерти со реномирани изведувачи, ликовни колонии, изложби и многу други настани кои оставаат белег на денешницата.

Во делот на спортот, продолжуваме да ја подобруваме спортскта инфраструктура.
Финансиски ги поддржуваме нашите спортски клубови и организираме голем број на спортски манифестации со цел да ги мотивираме најмладите генерации да спортуваат и создаваат здрави навики.

Сето ова придонесе градот Штип на свечена седница во европскиот парламент да биде прогласен за европски град на спортот за 2024 година од страна на асоцијацијата ACES EUROPE.

Почитувани, продолжуваме и понатаму, чесно, посветено, во интерес на граѓаните, за нова иднина, за нашиот град Штип.

Ви благодарам.

Прес-конференција на градоначалникот на Штип Иван Јорданов 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан