• среда, 25 декември 2024

Јончевски: Натпреварот со Норвешка е клучен

Јончевски: Натпреварот со Норвешка е клучен
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски смета дека натпреварот со Норвешка е клучен за првото место во претквалификациите за Евробаскет 2025. - И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен. Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен. Селекторот Јончевски има и свој коментар за ангажирањето на Американецот Ти-Џеј Шортс - Што се однесува до новиот играч во составот, имаше интерес за натурализација и за други кошаркари. Но се одлучивме за Ти Џеј Шортс кој има одлични квалитети на плејмејкерската позиција, а избравме организатор на играта бидејќи нема да сметаме на Димитријевиќ кого и се надевам дека добро ќе го замени. Во следните 2-3 дена Шортс ќе се обиде да се вклопи во тимот и се надевам дека отсуството на двајцата кошаркари ќе го надополнат останатите, како Војдан Стојановски, Магдевски, Мекиќ, изјави Јончевски пред стартот на мини-подготовките кои ќе се одвиваат во салата „26 Април“ во Гевгелија. Македонската репрезентација на 10 ноември се среќава со Норвешка, а три дена подоцна, на 13 ноември, во Гевгелија ја пречекува Данска. зс/

Остани поврзан