• среда, 25 декември 2024

Јончевски: Кошаркарите мотивирани ги очекуваат олимписките претквалификации во Талин

Јончевски: Кошаркарите мотивирани ги очекуваат олимписките претквалификации во Талин

Скопје, 28 јули 2023 (МИА) – Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Александар Јончевски е задоволен од досегашниот тек на подготовките за претстојните олимписки претквалификации во Талин, додавајќи оти играчите имаат мотив да се претстават себеси и државата во најдобро светло.

Турнирот во естонската престолнина 12. до 15. август за македонските кошаркари ќе биде втор настап во историјата во квалификации за место на Олимписките игри, по дебитантското учество во 2012 година.

-Бевме во таква ситуација во 2012 година во Венецуела, каде за влакно ни побегна еден настап на Олимпијада. Секако во тоа време, тоа слободно можам да го кажам, Македонија беше една поквалитетна репрезентација, со 4. место на Европското првенство во Литванија во 2011 година. Меѓутоа, нема да ги потценам овие момци кои имаат желба, кои имаат мотив за да се претстават себеси и државата во најдобро светло. И да докажат дека една помала репрезентација, помала нација, може да се најде на еден таков голем собир, изјави денеска Јончевски за официјалниот сајт на КФСМ.

Противници на македонските кошаркари на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри 2024 во Париз, покрај домаќинот Естонија, ќе бидат и селекциите на Чешка и Израел. ег/дма/

Фото: КФСМ

Остани поврзан