• среда, 18 декември 2024

Јокиќ: Ќе зборувам за рекорди на крајот од кариерата

Јокиќ: Ќе зборувам за рекорди на крајот од кариерата

Денвер, 6 декември 2024 (МИА) - Никола Јокиќ одигра одлично против Кливленд, но Денвер сепак беше поразен во синоќешниот дуел од НБА Лигата.

Тој успеа да забележи нов „трипл-дабл“ и да постави рекорд, а зад себе да го остави славниот Меџик Џонсон, но и тоа не беше доволно за победа.

Српскиот кошаркар го забележа 139. трипл-дабл во кариерата.

-Тоа е нешто за што ќе разговараме кога ќе ја завршам кариерата, сега не гледам на тоа. Дефинитивно е одлично, многу убава работа, порача Србинот по мечот.

Со одличниот настап против Кливленд, Јокиќ стана играчот кој најбргу стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА. Му беа потребни само 20 натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан